• понеделник, 23 декември 2024

Реновирани два оддели и една амбулантата во Клиничката болница Тетово

Реновирани два оддели и една амбулантата во Клиничката болница Тетово

Тетово, 9 октомври 2023 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити со директорите на Клиничката болница Илир Демири и Блерим Османи одржаа прес-конференција на која соопштија дека се завршени работите за два тамошни оддели и една амбуланта.

Министерот Фатмир Меџити во изјавата за медиумите оцени дека со тоа заокружен е еден значаен проект за Клиничка болница Тетово.

- На пациентите им се овозможуваат услови кои наликуваат на големите медицински центри низ Европа. Тетовската болница добива два комплетно опремени и реновирани оддели за гинекологија и неонатологија и една комплетно опремена и реновирана амбуланта. Политиките кои ги креираме се за натамошно унапредување на состојбата на здравствениот систем. После 20 години Клиниката во Тетово ќе ги прима пациентите во реновирани простории опремени со сите потребни други придружни и санитетски простории за соодветно сместување и болничко секојдневие на пациентите, изјави Фатмир Меџити.

Тој најави продолжување на обновите во здравствените центри.

Од моментот кога станав министер за здравство мојот фокус е грижата за пациентите односно грижата за обновата на болничката инфраструктура и опремување со најдобрата и најсовремена опрема. Овие два оддели и амбулантата сè уште еден успех, во серијата остварувања за подобар јавен здравствен систем. Мојата цврста определба како министер е залагање за развој на современо и модерно јавно здравство фокусирано на здравјето на сите граѓани, изјави Фатмир Меџити.

Новинарите кои работат за медиумите на македонски јазик во Тетово не добија покана за овој настан од Министерството за здравство. На прашање до директорот на тетовската болница Илир Демири зошто е направена поделба и се повикани само медиумите на албански јазик во порака по телефон кратко одговори дека е пропуст на пи-ар на Клиничка болница Тетово.

Дел од медиумите на албански јазик ја пренесуваа прес-конференцијата во живо. Министерот Меџити ја прочита официјалната информација подготвена за настанот и на албански и на македонски јазик. ас/свс/


Фото: Фејсбук 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан