• вторник, 07 јануари 2025

Рение: ЕК засега на расправа за суспензија на Икс 

Рение: ЕК засега на расправа за суспензија на Икс 

Брисел, 7 јануари 2025 (МИА) – Во Европската комисија засега не се разговара за суспензија на социјалната мрежа Икс, изјави портпаролот на ЕК за технолошки суверенитет, одбрана, Вселената и истражување, Тома Рение. 

- Се уште сме присутни на Икс, нагласи Рение во одговор на новинарско прашање дали ЕК размислува да прекине со користење на ова платформа, во услови кога нејзиниот сопственик Елон Маск „агитира во интерес на екстремната десница во Европа“. 

Рение посочи дека Законот за дигитални услуги (ДСА) и овозможува на ЕУ да одговори на проблемите со влијанието врз изборите во европските земји, како и дека Унијата има и други инструменти за заштита на демократијата и изборните процеси. 

- Постојано бараме начини преку кои можеме да го зајакнеме нашиот сегашен законодавен арсенал, но има и други алатки кои ни се на располагање, рече Рение. 

Според него, ДСА во минатото се докажа како многу ефикасна алатка за одговор на голем број општествени ризици, не само за изборните процеси, туку и за заштита на малолетниците и на други области во европското општество. сп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан