РЕК Битола работи со еден блок, постројката ќе биде ставена на мрежа во текот на денешниот ден
- По вчерашниот испад на РЕК Битола од македонскиот електроенергетски систем, во текот на ноќта и утрово комбинатот работи со еден блок, информираат од Електрани на Северна Македонија.

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) - По вчерашниот испад на РЕК Битола од македонскиот електроенергетски систем, во текот на ноќта и утрово комбинатот работи со еден блок, информираат од Електрани на Северна Македонија.
-Вчера доцна попладне во функција беше ставен Блок 1. Неочекуваниот испад на блокот заради прекин на напојувањето, предизвика проблем во котелот на Блок 1 заради што постројката во текот на денот ќе биде исклучена од мрежа. Се очекува санацијата на проблемот да заврши до понеделник, по што Блок 1 ќе биде повторно ставен во функција и РЕК Битола да продолжи со работи со два блока, велагт оттаму.
Додаваат дека во тек се пуштачки операции на Блок 3 кои вчера беа прекинати заради испадот на 110 киловолтна собирница на МЕПСО.
-Постројката ќе биде ставена на мрежа во текот на денешниот ден. Ремонтот на Блок 2 на РЕК Битола се одвива непречено и согласно предвидената динамика, информираат од Електрани на Северна Македонија. нд/