• понеделник, 23 декември 2024

Рекордна заплена на над шест тони кокаин во Гвинејскиот Залив

Рекордна заплена на над шест тони кокаин во Гвинејскиот Залив
Париз, 22 март 2021 (МИА) - Француската морнарица заплени рекордни повеќе од шест тони кокаин во Гвинејскиот Залив во близина на Западна Африка, на товарен брод кој пловел од Јужна Америка, соопшти денеска поморската префектура на Атлантикот. Тимот на францускиот носач на хеликоптери-амфибии Диксмид вчера интервенираше на бродот Најлан со одобрение од државата под чие знаме пловел бродот на Федерацијата Сент Китс и Невис на Карибите. Многу брзо, на бродот биле пронајдени 6.000 килограми кокаин, соопшти префектурата. Бродот Најлан, долг околу 105 метри, бил специјално следен, изјави истиот извор. Акцијата е спроведена врз основа на разузнавачки информации пренесени од Француската управа за борба против дрога (ОФАСТ) и холандската полиција во соработка со Оперативниот центар за поморска наркотична дрога, меѓународна организација со седиште во Лисабон, Европол и бразилските власти. гт/

Остани поврзан