• петок, 05 јули 2024

Реконструирано фудбалското игралиште при Спортски центар Кавадарци 

Реконструирано фудбалското игралиште при Спортски центар Кавадарци 
Кавадарци, 17 октомври 2022 (МИА) - Заврши реконструкцијата на фудбалското игралиште при Спортски центар ,,Јасмин", што опфаќаше поставување комплетно нов систем за наводнување, дренажа и целосна замена на тревата. Како што информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во тек на реконструкција е и игралиштето во населба Глишиќ. - Тоа значи дека локалната самоуправа Кавадарци работи во интерес на сите жители во општината, без разлика дали тие живеат во урбани или рурални средини, посочуваат од кабинетот на Јанчев. Во тек е и асфалтирањето на патот за село Дреново, од клучката до селото, во должина од 2.900 метри и ширина од пет метри. Средствата се обезбедени од ТАВ програмата, а подизведувач е Градба промет.  свд/цр

Остани поврзан