• петок, 05 декември 2025

Регионална конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“

Регионална конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“

Скопје, 14 мај 2025 (МИА) - Регионална конференција „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“ ќе биде отворена денеска во рамки на регионалниот проект „EMPOWERED – Инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан“, финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ).

Конференцијата е во заедничка организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија и Arbeiter-Samariter-Bund Deutschland e.V. – Канцеларија за Југоисточна Европа (ASB SEE), во партнерство со локални и регионални чинители од шест земји.

Конференцијата ќе ја отвори заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. хс/лв/

Фото: МИА архива 
 

Остани поврзан