Регионалната канцеларија за младинска соработка го продолжува рокот за апликациње на програмата „Суперучилишта“
- Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) го продолжува рокот за апликациње на програмата „Суперучилишта“, преку која младите од регионот имаат можност да патуваат и да се среќаваат со свои врсници со цел подобрување на регионалната соработка и градење мостови на меѓусебно разбирање.
Скопје, 1 јули 2025 (МИА) – Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) го продолжува рокот за апликациње на програмата „Суперучилишта“, преку која младите од регионот имаат можност да патуваат и да се среќаваат со свои врсници со цел подобрување на регионалната соработка и градење мостови на меѓусебно разбирање.
Како што соопштуваат од Регионалната канцеларија за младинска соработка, отворениот повик им дава можност на заинтересираните училишта да аплицираат за програмата за размена со регистрирање на платформата „Superschools“ и пронаоѓање партнерско училиште од различен дел од регионот на Западен Балкан. Рокот за аплицирање се продолжува до 15 јули 2025 година.
– Во време кога дијалогот и соработката се клучни за напредокот и просперитетот на Западен Балкан, Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), преку 3 циклуси на размени меѓу средни училишта, им понуди на младите луѓе единствена можност да се запознаат, да се поврзат и да учат заедно за себе и за другите. Со четвртиот отворен повик што сега е објавен, Програмата за размена на училишта во Западен Балкан, позната како Програма за Суперучилишта на RYCO, повторно им дава можност на младите луѓе од регионот да патуваат и да се среќаваат со своите врсници и со тоа да ја подобрат регионалната соработка и да изградат мостови на меѓусебно разбирање, стои во соопштението.
Проектот „Суперучилишта“, додаваат, е кофинансиран од Европската унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој и преку претходните отворени повици проектот има собрано повеќе од 3.000 ученици, што, според Регионалната канцеларија за младинска соработка, го прави една од највлијателните програми за размена на млади во регионот.
– Секое избрано партнерство ќе организира две краткорочни размени на ученици каде што младите луѓе ќе учествуваат во заеднички образовни и културни активности и ќе градат трајни врски. Понатаму, преку компонентата за сместување во дом достапна во овој повик, учениците ќе имаат можност да престојуваат кај семејства домаќини, создавајќи подлабоки лични врски и подобрувајќи го интеркултурното искуство за учење, додаваат оттаму. ра/вј/
Фото: Регионалната канцеларија за младинска соработка