• четврток, 04 декември 2025

Регионалната занаетчиска комора во Куманово ќе ги користи просториите во занаетчискиот дом

Регионалната занаетчиска комора во Куманово ќе ги користи просториите во занаетчискиот дом

Куманово, 7 јули 2025 (МИА) - Регионалната занаетчиска комора во Куманово ќе го користи просторот за сувенирница наредните три години, соопшти денеска претседателот на комората, Агрон Фазлиу. Општина Куманово и годинава додели субвенции за старите занаетчии. Мерките, сметаат надлежните придонесуваат за локалниот развој на градот, ја поттикнуваат продажбата на продуктите. Целта на оваа мерка е да се подобрат условите за работа во занаетчиството, да се обезбеди пазар, да се подобри квалитетот на занаетчиското производство, но и да се зајакне интересот за старите занаети, особено на оние кои со себе носат културни и етнички белези.

- Пред локалните избори бараме простор за регионалната занаетчиската комора, каде се изложени производите на старите занаетчии и на овој начин го презентираме градот пред туристите. Благодарност до локалната власт и советот што ги исполнија нашите барања, изјави претседателот на РЗК, Фазлији.

Куманово е пример и за останатите градови. Наскоро ќе се одржи и саем за кој комората доби поддршка од локалната власт. Претседателот на ЗКРСМ, Фазлији кажа дека и пред наредните локални избори ќе бара од учесниците во своите програми да вметнат мерки за поддршка на занаетчиите во своите општини.

- Управниот одбор ги подготвува нашите барања кои ќе бидат испратени до политичките партии кои ќе учествуваат на изборите и кои ќе треба во својата програма да понудат мерки за локалната економија, за да се зачуваат работните места по градовите, акцентот ќе биде ставен на младите, квалификација, мајсторски испити и други потреби, изјави Фазлији.

Претседателот на ЗКРСМ уште еднаш ги потсети занаетчиите да аплицираат за марките од оперативниот план за вработување кој најчесто го користат и занаетчиите.

- Тука е и мерката од Министерството за економиај за поддршка на занаетчиите. Но, морам да кажам дека наредните години очекуваме поголем буџет, нагласи Фазлији.

Занаетчиите ја користат просторијата каде беше сместен фризерницата „Боро Менков“. Домот на занаетчиите е изграден по иницијатива на занаетчиите, а пуштен во употреба 1930 година. Објектот е еден од најрепрезентативните, белег на Куманово. Изграден во периодот помеѓу двете светски војни, кога Куманово бил претежно занаетчиски град. ам/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан