Ребиќ потпиша за Лече
- Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ потпиша договор со Лече, објави официјалниот сајт на клубот.

Лече, 27 август 2024 (МИА) - Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ потпиша договор со Лече, објави официјалниот сајт на клубот.
Условите од договорот со 30-годишниот Хрват не се објавени.
Ребиќ се приклучи на италијанскиот тим како слободен играч.
Претходно, Хрватот настапуваше за Бешикташ.
Минатата сезона Ребиќ одигра 23 натпревари на кои постигна гол и исто толку асистенции. зс/
Фото. ЕПА