• петок, 22 ноември 2024

Реал ќе го продаде Варан на лето, доколку тој не се сложи да го продолжи договорот

Реал ќе го продаде Варан на лето, доколку тој не се сложи да го продолжи договорот
Мадрид, 9 февруари 2021 (МИА) - Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан може да го напушти тимот на крајот на сезоната. Иднината на 27-годишниот фудбалер зависи од тоа дали тој ќе го продолжи договорот со клубот од Мадрид. Актуелниот договор на Французинот истекува во јуни 2022 година. Според „Марка“, доколку во блиска иднина Варан не покаже интерес за продолжување на договорот, Реал Мадрид ќе се обиде да го продаде на лето. Приоритет за клубот е токму продолжувањето на договорот со Варан. Неговата пазарна вредност се проценува на околу 70 милиони евра. За потсетување, Реал Мадрид сè уште не се согласи за нов договор со уште еден централен дефанзивец – капитенот Серхио Рамос, кој ќе стане слободен агент на лето. зс/

Остани поврзан