Реал со фудбалер помалку го победи Сосиедад
- Реал Мадрид вечерва го победи Реал Сосиедад на гостински терен со 2:1 во 4. коло од Ла Лига.
Сан-Себастијан, 13 септември 2025 (МИА) - Реал Мадрид вечерва го победи Реал Сосиедад на гостински терен со 2:1 во 4. коло од Ла Лига.
Головите за гостите ги постигнаа Килијан Мбапе и Арда Гулер, кој исто така имаше асистенција.
За домаќините погоди Микел Ојарзабал од пенал.
Во 32-та минута, дефанзивецот на Реал Мадрид, Дин Хејсен, доби црвен картон.
Реал Мадрид има 12 бода и е на чело на табелата во Шпанското фудбалско првенство. Реал Сосиедад е на 17. место со два бода. зс/
Фото: ЕПА