Реал и Менди се договорија за соработка до 2027 година
- Ферланд Менди и Реал Мадрид се согласија за нов договор. Дваесет и деветгодишниот дефанзивец ќе потпише нов договор со мадридскиот клуб до 2027 година со опција за продолжување на уште една година, пренесува „Marca“.

Мадрид, 25 јули 2024 (МИА) - Ферланд Менди и Реал Мадрид се согласија за нов договор. Дваесет и деветгодишниот дефанзивец ќе потпише нов договор со мадридскиот клуб до 2027 година со опција за продолжување на уште една година, пренесува „Marca“.
Една од главните точки на договорот е бројот на натпревари што ги игра фудбалер во секоја сезона. Од ова зависи и финансиската компонента на зделката.
Минатата сезона, Ферланд Менди забележа 23 настапи во Ла Лига и 37 настапи вклучувајќи ги сите натпреварувања.
Фудбалерот игра за Мадрид од 2019 година. зс/
Фото: ЕПА