• вторник, 30 април 2024

Реализирано обележувањето на хоризонталната сигнализација во Делчево

Реализирано обележувањето на хоризонталната сигнализација во Делчево

Делчево, 22 април 2024 (МИА) - Заврши обележувањето на хоризонталната сигнализација во градот Делчево, информираа од Општината. За оваа активност од Буџетот на Општината се наменети околу 320 000 денари без ДДВ.

-Хоризонталната сигнализација беше обновена на крстосниците меѓу улиците од примарната улична мрежа во градот, како и  пешачките премини, стоп линиите, разделните линии и останатите ознаки на коловозите преку кои се овозможува навремено и точно известување на учесниците во сообраќајот за начинот на водење на сообраќајот низ градот Делчево, информираа од Општината.

Со имплементацијата на сообраќајното решение за оваа локација, како што додадоа, се очекува зголемување на безбедноста и нивото на услуга на сите учесници во сообраќајот.

-Преку склучените договори со изведувачот Технодидакта Штип и АТС Инженеринг на локацијата кај новоизградениот Градски пазар, покрај хоризонталната беше поставена и вертикална сигнализација преку која се означени: начинот на паркирање, категориите на возила за кои е наменето паркирањето, такси стојалиште, паркирни места резервирани за лица со посебни потреби, пешачките премини, како и крстосувањата со улиците, додадоа од Општина Делчево.

Обележувањето на хоризонталната сигнализација, како што дополнија, се реализира согласно склучениот договор со изведувачот АТС Инженеринг од Велес. вс/мд/

Фото: МИА
 

Остани поврзан