• сабота, 23 ноември 2024

Реакција од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците

Реакција од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците
Скопје, 9 август 2022  Почитувани, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, најостро ги демантира наводите дека вработените од ЈП „Комунална Хигинета-Скопје„ кои се отпуштени од работа се вработени според Програмата K5, Програма за правична застапеност, односно она што е предмет на нашата реакција. Дополнително, сакаме да информираме дека планот за распределба на вработените според K5 Програмата е успешно реализиран. Според планот на Министерство за политички систем а усвоен од Владата на Рepublika Severna Makedonija распределени се вкупно 1.349 административни службеници, од кои за 1.023 администратини службеници се реализирани трансфери, потоа за распределба на 137 административни служеници процедурата е во тек. Во однос на преостанатите 162 административни службеници работниот однос е прекинат од разни причини, односно заминување во пензија, отказ од вработениот или од работодавацот итн. Оттука, преостануваат уште 27 административни службеници кои се во фаза на распоредување во зависност од потребите на институциите и во корелација со нивните работни способности. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан