• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на Одделот за наследство на Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза по повод откорнувањето на елата на скопскиот плоштад

Реакција на Одделот за наследство на Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза по повод откорнувањето на елата на скопскиот плоштад
Скопје, 4 јули 2022 -  Вчера најавивме откорнување на елата на Мајка Тереза на скопскиот плоштад и апелиравме да се преземат сите мерки ова дрво да се врати таму каде што беше. Зачудувачки, овој наш апел остана незабележан и денеска наместо да се санира состојбата, да ја врати елата во првобитната положба, се пресече на неколку делови, се натовари во камион и испрати во непознат правец. Фирмата која ги извршила овие дејствија, направила варварски чин врз објект кој припаѓа на наследството на Мајка Тереза, бидејќи се работи за ела засадена од нејзина рака во 1980 година. Затоа ИДКНА - Одделот за наследство на Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза итно бара од општинските и централните власти да започнат процедура за преземање одговорност за сторителите на овој грозен чин. Фотографиите кои ги направивме неколку моменти откако беше сторена оваа грдотија со непоправливи последици, зборуваат во каква состојба е оваа ела. ИДКНА - Оддел за наследство на Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза веќе подолго време во форма на елаборат иницираше да се прогласи наследство на Мајка Тереза за национално богатство во одбрана на државата, и затоа во духот на ова барање инсистираме државните институции да постапат според нормите кои се предвидени против сите што го оштетуваат културното и духовното наследство. Воедно, бараме од надлежните на Град Скопје што поскоро да засадат уште една ела, но со поголеми димензии, каде што ќе биде изгравирана белешката дека Мајка Тереза засадила ела на местото кое било нејзин дом.ИДКНА - Оддел за наследство на Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан