• петок, 05 декември 2025

Реакција на НСДП за линеарното покачување на пензиите

Реакција на НСДП за линеарното покачување на пензиите

Скопје, 25 јули 2025

ВМРО-ДПМНЕ со линеарното зголемување на пензиите ги манипулира 
пензионерите за изборни цели и оштетува околу 320 илјади пензионери. Со 
законските измени предложени од Владата, а кои ги изгласа Собранието 
пензионерите ќе добијат пониски пензии од она што би требало да биде 
реален пораст на пензиите во септември, се наведува во соопштение од НСДП што МИА го пренесува во интегрална форма. 

За НСДП единствен правилен, праведен и законски начин на пресметување на 
пензиите е покачувањето на пензиите согласно формулата: 50% индекс на 
раст на платите, 50% индекс на пораст на трошоците за живот.

Пензионерите со најниски пензии со формулата 50/50 би добиле исто 
покачување на пензиите како и со линеарното со кое владејачките партии 
ги лажат и манипулираат, а сите пензионери со повисоки пензии се 
оштетени за дополнителни од 100 до 3500 денари, кои би ги добиле со 
септемвриското усогласување на пензиите.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ ги нема за приоритет пензионерите, работниците и 
граѓаните кои што чесно заработуваат од својот труд, па заради тоа се 
служат со манипулации при пресметката на пензиите, затоа 
економско-социјалниот совет е блокиран и сеуште нема утврдена минимална 
потрошувачка кошничка, растот на платите е сопрен, а граѓаните секој ден 
живеат се потешко и едвај преживуваат од први до први.

Редно време е власта да намали со луксузирањето, да намали на трошоците 
за пропаганда и искривување на реалноста во која живееме, да намали на 
бесполезните прошетки во странство, на пензионерите и граѓаните им 
требаат реални мерки за поддршка од скапотијата и високите цени.

НСДП

ФОТО: Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан