• петок, 22 ноември 2024

Реакција на Град Скопје на пресот на Васко Кичевски

Реакција на Град Скопје на пресот на Васко Кичевски

Скопје, 21 мај 2023

Жалиме што се уште постојат луѓе кои мислат дека 1000 пати кажана лага ќе стане вистина, но политичката реалност во Македонија креирана од коалицијата СДСМ-ДПМНЕ единствено се базира на лаги и измислици.

Градот Скопје ниту е блокиран ниту е во банкрот. Редовно се сервисираат тековните обврски, а без пречка се реализираат сите проекти.

Градот Скопје е единствена институција во Македонија која работи со позитивни резултати и покрај политичките и институционалните обврски. Меѓу останатото сме единствена институција која прва линеарно ги зголеми платите.

Васко Кичевски може да го смета ова соопштение како демант, да се извини во законскиот рок и да го повлече кажаното, во спротивно вистината ќе треба да ја докаже на суд.

Град Скопје
Одделение за односи со јавност

___________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан