• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Ковачевски во интервјуто за МИА

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Ковачевски во интервјуто за МИА
Скопје, 9 јануари 2022 Пиунот Ковачевски може да лаже колку сака, секогаш ќе остане пиун со задача да го штити криминалот на Заев. Во своето денешно интервју Ковачевски ги ветува истите работи кои ги ветуваше Заев пред да дојде на власт. Заев не ги реализира, нема нити Ковачевски. Единствена улога на Ковачевски е да го штити криминалот на Заеви. Доколку Ковачевски сака некој воопшто да му верува ќе отвори истрага против Зоран и Вице Заев за обвинувањата дека кај нив завршиле парите од рекет. Ќе покрене иницијатива кој и зошто го избришал името на Вице од пријава за рекет во РЕК Битола. Доколку Ковачевски навистина сака да му верува некој ќе го повика Трајче Заев на распит за шверцот со дрога во кој беше фатен неговиот шофер. Доколку Ковачевски сака да биде сериозно сфатен, уште во првите 100 дена треба да има истраги за Зоран, Вице и Трајче Заеви. Доколку тоа не го направи тој ќе се покаже јавно дека е нивен заштитник. Во однос на енергетската и еконкмската криза, Ковачевски е еден од причинителите на истата. Тој како заменик министер за финансии учествуваше во лошите економски политики кои доведоа до инфлација. Во однос на здравството тој првин треба да отвори истрага против Заев и Филипче за провизијата за вакцините, но и за Кочо Анѓушев за монтажните болници. Ковачевски е и ќе биде пиун на Заев се додека Зоран, Вице и Трајче се на слобода, се додека слободно шетаат Венко Филипче, Љупчо Николовски, Мила Царовска, Оливер Спасовски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ———————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан