• четврток, 18 јули 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Мартин Костовски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Мартин Костовски

Скопје, 28 февруари 2023 

На што се симна СДС, од денес се прес служба на ДУИ, ниту една лага нема да го прикрие криминалот на Груби и Ковачевски.

Артан Груби треба да каже како неговиот брат се стекнал со дуќан по цена 5 пати пониска од реалната. Од каде половина милион евра за дуќан од 127м2 на ексклузивна локација?

Груби треба да одговори за имотот што се трупа околу него.

Во исто време додека Груби пишува пресови за СДС, додека се брани себе си, нека одговори и за Ковачевски и аферата Броило.

Како Ковачевски додека тој е премиер, неговиот кум и сопруга хараат низ Македонија и го шират бизнисот со струја и фотоволтаици?

И Груби и Ковачевски се на позиции во извршната власт, тие мора да кажат на кој начим се стекнуваат со милионски имот луѓе околу нив.

Претседателот Мицкоски е опозиција, да имаше и најмал сомнеж за нерегуларности, СДС и ДУИ одамна ќе покренеа истраги. Но затоа претседателот Мицкоски повика, наместо да лажат, да ги искористат институциите, кои ги злоупотребуваат за лично богатење и да испитаат се околу него.

Во исто време укажуваме дека сите кои шират лажни вести ќе се соочат со тужби.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан