Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Стојановски: Хидросистемот Ѓавато беше запуштен од СДС, работиме на санирање на штетите и тој сега функционира
- Хидросистемот Ѓавато и проектот за спас на Дојранското езеро се проект на ВМРО-ДПМНЕ, се до сега што било направено во системот е од некоја од владите на ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 7 август 2025
Хидросистемот Ѓавато и проектот за спас на Дојранското езеро се проект на ВМРО-ДПМНЕ, се до сега што било направено во системот е од некоја од владите на ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја пренесува интегрално.
СДС 7 години целосно го имаше запуштено системот, со натрупани долгови.
Сега системот функционира и ќе продолжи да функционира.
Работиме на санирање на штетите кои што ги остави СДС.
Системот во иднина ќе трпи и модернизации и инвестиции.
Животната средина е приоритет на ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ