• недела, 22 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Ненад Коциќ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Ненад Коциќ

Скопје, 30 декември 2023

Власта на СДС и ДУИ се фали со она кое што секој нормален би се срамел.

Прво тие придонесоа здравствениот систем во Македонија да доживее колапс и да се случуваат скандали на дневно ниво. Дозволија угледот на белиот мантил да се валка со криминалните тендери и бизниси со лекови кои неколкумина блиски до власта ги прават на сметка на здравјето на граѓаните.

Второ, поради распадот на системот кој се случува на секое ниво, вклучително и во здравството, огромен број квалитетен медицински кадар го напушти јавното здравство но и Македонија. Доколку навистина се грижеа за здравството немаше да прават полнење на здравствените установи во пресрет на избори со цел да го ублажат изборниот пораз кој им претстои.

Трето, сега распишуваат оглас за вработување на медицински персонал во кој наместо квалитетот и искуството се бара етничка или политичка припадност. Зарем етничкиот и партискиот клуч ќе одлучува за здравјето и животите на луѓето?!Срамно и бедно.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан