• петок, 22 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Ацевски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Ацевски
Скопје, 26 јули 2022 Костадин Ацевски кадар и екс пратеник на СДСМ, потпишал договор во име на „Македонија пат“, со што од 10 милиони евра предвидени за тендерот, над 4,5 милиони евра дава за транспорт. Цената на битуменот е берзантска и не игра улога во определувањето на најповолната понуда за тендер. Методологијата за избор е иста и јасна, цената на битуменот е променлива, но цената за транспорт е таа што е фиксна и што ја прави цената и конкурентноста за учество на тендер. Костадин Ацевски да не ја лаже јавноста со цената на битуменот и да каже по која методологија пресудил дека од тендер вреден 10 милиони евра, 4,5 милиони треба да даде само за транспорт? Костадин Ацевски мора да каже како договорил транспорт на битумен, со што само за транспорт ќе плаќа над 12.000 евра за една цистерна? Костадин Ацевски мора да каже дали договорот на ЈП „Улици и патишта“ со цена од 2.915 денари за тон пренесен битумен е нереален и лажен? Дали Костадин Ацевски смета дека плаќање 11 илјади евра повеќе само за транспорт за една цистерна битумен е нормална, прифатлива и не создава штета на буџетот со којшто раководи? Ацевски потпишал документ во којшто јасно стои методологијата и во којшто за цена на транспорт јасно е наведено 29.295 денари за еден тон транспортиран битумен. Во исто време со Ацевски, и ЈП „Улици и патишта“ потпишува договор исто за набавка на битумен, со иста методологија, но цената за транспорт е десеткратно помала. Во документот од ЈП Улици и патишта на истата методологија цената за транспорт е наведено 2.915 денари за еден тон транспортиран битумен. Костадин Ацевски е типичен пример за СДСМ како се справува со држава во криза и народ којшто е втурнат во сиромаштија заради криминални тендери! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан