• недела, 22 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Заев за ТВ 21

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Заев за ТВ 21
Скопје, 17 ноември 2020 Ветувањето на измамникот Заев за ЕУ е готово, овој човек носи само криминал и стагнација. Може сега Заев да смислува изговори за неговиот неуспех и неспособност до бескрај, но неговата неспособност и лажни ветувања ги плаќаат граѓаните. Заев ветуваше дека ќе почнеме датум за преговори уште пред 4 години, дури и излажа дека сме добиле датум за преговори. Заев ветуваше дека ќе имаме бесплатно здравство како во Европската Унија. Дека откако ќе го смениме името веднаш ќе влеземе во Унијата. Заев ветуваше и дека ќе градиме патишта бидејќи ќе влеземе во ЕУ, дека невработеноста ќе се намали а платите ќе се зголемат. Четири години потроши од нашите животи, а видовме само криминал, корупција и многу лаги. Неговата политика не носи резултати. Тоа е очигледно. Нема ниту еден проект кој граѓаните ќе го паметат а Заев го изгради. Но затоа ќе го паметат по аферите и лагите. Излажа дека договорот со Бугарија е голем исчекор. Се покажа дека е камен на сопнување. Заев не затвори ниту едно прашање во корист на државата, туку единствено ги измами граѓаните. Оставка на Заев и влада за национален спас. Заев е минато. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан