Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДС да говори загаден воздух
- Навистина е лицемерно СДС да говори загаден воздух. Ветуваа „ајро ајро“ на митинг, почист воздух, а во суштина нивен министер протестираше против загадувањето на воздухот наместо да преземе мерки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 21 декември 2025
Навистина е лицемерно СДС да говори загаден воздух. Ветуваа „ајро ајро“ на митинг, почист воздух, а во суштина нивен министер протестираше против загадувањето на воздухот наместо да преземе мерки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.
Во време на СДС, парите наместо за животна средина и почист воздух, се трошеа 1.6 милиони евра за лубриканти.
За 7 години можеа барем за 10% да го намалат загадувањето на воздухот, ама приоритет им беше градење згради, како што сакаа во Ѓорче во Хром да никнат 100 згради во 2020 година и Расадник исто така 100 згради исто периодот 2020 година.
Да резимираме, доколку СДС навистина сакаше, можеше да преземе нешто.
А сега би сакале да ги напоменеме нашите чекори кои како централна власт за 1,5 година ги преземаме, заедно со локалната.
- Стратегија за почист воздух 2024-2030
- Субвенции за инвертер клими
- Прочистувачи на воздух низ градинките во Скопје
- Масовно пошумување на државата
- Гасификација на државата
- Град Скопје воведе мерки и препораки до граѓаните за заштита од загадениот воздух
- Изградба на 2 когенеративни централи на влезовите во Скопје
- Паркови со клупи во кои има вградени прочистувачи на воздухот
Ова се само дел од чекорите кои ги имаме преземено, во делот справување со загадениот воздух.
Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС се гледа и во рејтингот. Затоа наместо соопштенија напишани од ВИ, нека седнат и нека научат сами да пишуваат и нека сфатат дека долго време ќе бидат опозиција со овој пристап.
Фото: МИА архива