• недела, 22 декември 2024

Реакција на Беса на соопштението на ДУИ

Реакција на Беса на соопштението на ДУИ

5 јануари 2024 

ДУИ не треба само декларативно да го осудува нападот на М-НАВ туку итно да го исклучи Беким Незир и од партијата. Итно да побара разрешување од која било функција во М-НАВ!

ДУИ не треба да продолжи да игра дволична улога туку да дејствува. А не како досега: прво дистанцирај се од Рамиз Мерко, а после гушкај го на партиски настани, дистанцирај се од Беким Незири, а после работи да го спасиш од правдата, дистанцирај се од Дрин Ахмети, а после награди го со „Соравија“!

Не е потребно само декларатива дистанца, туку потребно е акција!

 

Движење Беса 

________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан