Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конфренцијата на Дарко Каевски
- СДС зборува за ланскиот снег, додека директори паразити сега заработуваат плати од по неколку илјади евра, Каевски е човекот со хациенда дивоградба, и дедо на функција кој има таен непријавен
Скопје, 19 ноември 2022
СДС зборува за ланскиот снег, додека директори паразити сега заработуваат плати од по неколку илјади евра, Каевски е човекот со хациенда дивоградба, и дедо на функција кој има таен непријавен имот
Почитувани,
СДС збори за ланскиот снег, додека директорите, министрите на власта како паразити се дограбени до позиции и места од каде печалат илјадници евра, додека не работат ништо.
Нема одговор, туку само признание од СДС дека директорите земале и по 7 илјади евра плата, додека народот работи по цел месец за 30 илјади денари просечна плата.
Кога веќе сме кај Каевски прашањето е, кој го мести во партијата за да кажува такви невистини и манипулации.
Тоа е истиот човек кој направи хациенда дивоградба, а неговиот дедо Алберт Муслиу криеше таен и непријавен имот од државата.
За какви морални вредности зборува Каевски, кога неговиот лидер Ковачевски беше десетгодишен директор во Телеком каде платите се и до 7 илјади евра. Го праша ли Каевски колку Ковачевски земал од Телеком каде и државата именува членови на бордот на директори и каде државата има сопственост?
Паразитите Каевски да си ги бара во сопствената власт и во својот двор.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.