• петок, 22 ноември 2024

РБ Лајпциг и Аталанта се пласираа во четвртфиналето на ЛШ

РБ Лајпциг и Аталанта се пласираа во четвртфиналето на ЛШ
Лајпциг, 10 март 2020 (МИА) - Тимот на РБ (Лајпциг) се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите по втората победа над апатичниот Тотенхем - 3-0 на „Ред Бул Арената“. Германскиот тим ги совлада „спарси“ со 1-0 во Лондон и заслужено ќе учествува во ждрепката на 20 март со другиот дебитант во елиминациската фаза - Аталанта. Овој пласман е најголемиот успех во кратката историја на Розенбалспорт. Дури и пред паузата, капитенот Марсел Забицер (10', 21') постигна два гола по неубедливите интервенции на голманот Уго Лорис, кои решија сè. Во 87-та Емил Форшберг го постигна третиот гол со својот прв допир на топката. Екипата на Аталанта оствари втора победа над Валенсија. Пред празните трибини на „Местаља“ поради коронавирусот, Словенецот Јосип Иличиќ постигна четири гола за екипата од Бергамо за победа од 4:3 над „лилјаците“. Така, 32-годишниот Словенец влезе во историјата на турнирот како прв играч кој постигнал четири голови на гости. Симоне Инзаги, Лионел Меси, Марио Гомез и Роберт Левандовски имаат постигнато четири гола во Лигата на шампионите, но на домашен терен.

Остани поврзан