• петок, 22 ноември 2024

Рајола: Можеби бев премногу внимателен кога му реков на Халанд да оди во Борусија

Рајола: Можеби бев премногу внимателен кога му реков на Халанд да оди во Борусија
Дортмунд, 30 март 2021 (МИА) - Мино Раиола, агент на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, зборуваше за неговиот клиент. - Сè тргна неочекувано со Халанд. Тој постигна сè многу побрзо отколку што некој можеше да замисли. Фудбалерот е пред својот развој, многу е напреден. Можеби бев премногу претпазлив кога му реков: Да одиме во Дортмунд, а не да се залетуваме некаде, не знам каде. Ова момче може да игра во кој било клуб, каде и да посака, веќе е на ова ниво. И јас сум сто проценти сигурен во ова, како што сите се сигурни. Тоа можеше да го стори минатата година, рече Рајола. За 20-годишниот Норвежанец веќе подолго време интерес покажуваат врвни клубови од најсилните европски лиги. зс/

Остани поврзан