• четврток, 04 декември 2025

Рафиња ќе потпише нов договор со Барселона

Рафиња ќе потпише нов договор со Барселона

Барселона, 20 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за иднината на играчот од средниот ред на тимот Рафиња.

- Ќе има нов договор за Рафиња. Фудбалерот се чувствува многу вклучен во проектот. Ќе постигнеме договор затоа што сакаме тој да остане, а исто така и тој има желба да продолжи со нас, изјави Лапорта.

Дваесет и осумгодишниот Бразилец оваа сезона одигра 56 натпревари, постигна 34 гола и 25 асистенции. Неговиот актуелен договор со Каталонците истекува во летото 2027. 

Порталот „Трансфермаркт“ пазарната вредност на фудбалерот ја проценува на 80 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан