Расчистен нападот врз новинарска екипа во Тетово
- Во Секторот за внатрешни работи Тетово денеска извршен е службен разговор со 43-годишниот А.С. од тетовско Горно Палчиште.
Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Во Секторот за внатрешни работи Тетово денеска извршен е службен разговор со 43-годишниот А.С. од тетовско Горно Палчиште.
-На 07.11.2023 во 12.00 часот тој бил пријавен од 25-годишниот Н.А. од гостиварско Калиште дека на Зелениот пазар во Тетово агресивно се однесувал кон него и негова колешка додека подготвувале материјал за новинарски прилог. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. дма/
Фото: МИА архива