• недела, 22 декември 2024

Расчистено насилство во угостителски објект во Скопје, кривична пријава за две лица 

Расчистено насилство во угостителски објект во Скопје, кривична пријава за две лица 
Скопје, 7 мај 2022 (МИА) - СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против М.К.(28) и М.М.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Какошто посочи МВР, на 5 мај годинава во 12:20 часот во угостителски објект на улица „Методија Шаторов – Шарло“ во Скопје, пријавените физички го нападнале М.Т.(28) од Скопје и оштетиле дел од инвентарот. По преземени мерки, тие биле пронајдени и лишени од слобода од полициски службеници од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавените лица им е одредена мерка притвор.вј/

Остани поврзан