• среда, 17 јули 2024

Расчистени три кражби на возила во Прилеп, приведениот сторител ги признал делата

Расчистени три кражби на возила во Прилеп, приведениот сторител ги признал делата

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) – Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера го лишија од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој, како што информира МВР, се сомничи дека на  14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128", на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико" и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра".

-Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило, соопшти МВР.

Според највите од МВР, по комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, „одземање на патничко моторно возило“.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан