• петок, 05 декември 2025

Расчистени над 30 локации во Крива Паланка со акцијата „Генералка викенд"

Расчистени над 30 локации во Крива Паланка со акцијата „Генералка викенд

Крива Паланка, 9 мај 2025 (МИА) - Околу петстотини луѓе од дваесетина правни субјекти, училишта, јавни институции, здруженија на граѓани и спортски организации од Крива Паланка денеска се приклучија во еколошката акција „Генералка Викенд“.

Се чистеше на околу 37 локации, однапред утврдени од страна на стручните служби од Општината, лоцирани како мали депонии или како локации каде се таргетирани отпадоци или се пријавени од страна на граѓаните.

Комуналниот инспектор во Општината Бранко Велиновски изрази задоволство од реализацијата на акцијата, заблагодарувајќи се за учеството и одѕивот на сите локални институции и правни субјекти, посочувајќи дека Општина Крива Паланка е носител на признанија за најеколошка општина во државата.

„Генералка викенд" се спроведува по петти пат во соработка со „Мен енд маунтн", а вакви акции од денес до недела ќе се реализираат низ целата држава. ид/


Фото МИА 

Остани поврзан