• четврток, 26 декември 2024

Растурен собир покрај оган во Орман, приведени учесниците

Растурен собир покрај оган во Орман, приведени учесниците
Скопје, 5 јануари 2021 (МИА) - Полициски службеници вечерва во 21.15 часот затекнале десетина лица покрај оган во скопското село Орман. Како што информира МВР, лицата се приведуваат во полициска станица и против нив ќе следат соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не организираат  какви било собирања односно да ги почитуваат меркита за справување со коронавирусот. -Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година) се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.скс/

Остани поврзан