• понеделник, 25 ноември 2024

Расте притисокот од конзервативците Џонсон да поднесе оставка

Расте притисокот од конзервативците Џонсон да поднесе оставка
Лондон, 6 јули 2022 (МИА) - Пратеникот од Конзервативната партија, Ендрју Бриџен за Би-би-си истакна дека британскиот премиер Борис Џонсон „треба да го направи тоа, што требаше да го стори пред извесно време, да поднесе оставка“. - Ако не го стори тоа, партијата ќе треба да го принуди да се повлече, нагласи Бриџен. Според него, идеално сценарио е другите членови на кабинетот да поднесат оставка и „да ја разјаснат својата позиција“. Но, ако не дојде до тоа, како што додаде Бриџен, Комитетот 1922 година ќе треба да избере извршен орган, што ќе биде подготвен да ги промени правилата, со што ќе се активира ново гласање за доверба на премиерот. - Уверено прогнозирам дека Борис Џонсон, на еден или друг начин, ќе биде остранет пред летниот одмор на Парламентот, подвлече пратеникот. Тој го опиша набљудувањето на помладите министри, кои беа принудени да ја бранат репликата на премиерот во однос на Крис Пинчер, дека не бил на чисто со своето минато, како „капката, што ја прели чашата“. Бриџен изјави и дека министрите од кабинетот дури сега го сфатиле убедувањето на многумина од пратениците, дека Џонсон е „егзистенцијална закана за Конзервативната партија“. бд/сд/

Остани поврзан