• среда, 03 јули 2024

Расте интересот за Сари: По Панатинаикос, заинтересиран е и повратник во Премиер лигата

Расте интересот за Сари: По Панатинаикос, заинтересиран е и повратник во Премиер лигата

Рим, 1 јуни 2024 (МИА) - Маурицио Сари го напушти Лацио кон крајот на сезоната поради слаби резултати, но и покрај тоа тој сепак е ценет од другите клубови кои покажуваат интерес за него. Нема сомнеж дека искусниот тренер ќе најде работа ова лето.

Пред неколку дена се појави информација дека Панатинаикос е сериозно заинтересиран да го доведе италијанскиот стручњак. „Зелените“ сезонава го освоија националниот куп, но со Сари сакаат да започнат поход кон шампионската титула и да покажат добри изданија во европските натпреварувања.

Сепак, клубот од Атина доби конкуренција во форма на повратник во Премиер лигата. Лестер наскоро и официјално ќе остане без Енцо Мареска, кој наскоро ќе стане тренер на Челси.

„Лисиците“ го гледаат Сари како некој кој би можел да продолжи таму каде што застана Мареска и да им обезбеди добар резултат во следната сезона од елитното ниво на англискиот фудбал.

За италијанскиот стручњак се заинтересирани и Болоња и Фиорентина. дс

Фото: Архива

Остани поврзан