• сабота, 23 ноември 2024

Распишан тендерот за изградба на затворен базен во Свети Николе

Распишан тендерот за изградба на затворен базен во Свети Николе

Штип, 26 август 2021 (МИА) - Жителите на Свети Николе конечно ќе добијат затворен базен. Градоначалникот Сашо Велкоски објави дека согласно програмата за јавна набавка, распишан е тендер за изградба на затворен пливачки базен во Свети Николе - фаза 1.

-Благодарение на позитивната финансиска стабилност на општината и вложувањата максимални напори за урбанизација на просторот, изработка на идејно решение и изработка на техничка документација, можеме да започнеме со реализација на капитален објект којшто досега сите го ветуваа, а никој не го реализира - Изградба на затворен пливачки базен во Свети Николе, на локација во близината на поранешниот хотел „Овче Поле“, истакна Велковски.

Идејното решение предвидува изградба на две базенски корита од кое големото со димензии 25/16 метри и константна длабочина од два метри и малото базенско корито е со димензии 16/6 метри и променлива длабочина од 0,80 - 1,20 м.

-Големината е соодветно димензионирана за задоволување на потребите за одвивање на настава по пливање, обука на непливачи, но и тренинг и натпревар на пливачи според прописите на светската пливачка федерација ФИНА. Согласно идејното решение, се предвидуваат и помошни простории за забава и рекреација со интересни содржини за посетителите, соопшти Велковски. вдј/бак/ 

Остани поврзан