Распишан повикот за манифестацијата Штипско културно лето
- Општина Штип го распиша повикот за најстарата манифестација во Штип во областа на културата, Штипско културно лето 2024. Во повикот, кој е објавен на веб страницата на Општина Штип стои дека општината ги повикува сите поединци и здруженија да ја преземат пријавата од веб-страницата или од просториите на Општинскиот мултимедијален центар. Кирил Панајотов советник за културни манифестации во Општина Штип денеска изјави дека оние коишто ќе конкурираат треба да ги образложат основните елементи на секој проект.
Штип, 20 февруари 2024 (МИА) - Општина Штип го распиша повикот за најстарата манифестација во Штип во областа на културата, Штипско културно лето 2024. Во повикот, кој е објавен на веб страницата на Општина Штип стои дека општината ги повикува сите поединци и здруженија да ја преземат пријавата од веб-страницата или од просториите на Општинскиот мултимедијален центар. Кирил Панајотов советник за културни манифестации во Општина Штип денеска изјави дека оние коишто ќе конкурираат треба да ги образложат основните елементи на секој проект.
-Со оглед на тоа што оваа година одбележуваме значаен јубилеј – 39 години Штипско културно лето, во вообичаениот термин – седмиот месец од годината, Општина Штип повторно се јавува како продолжувач на традицијата, го распиша Јавниот повик и врз основа на пријавувањето на разни уметници, уметнички друштва, здруженија на граѓани, да направиме една Програма којашто ќе одговара на реномето на она што Штипско културно лето низ годините го претставуваше, вели Панајотов.
Посочи дека годинава Штипско културно лето ќе изобилува со проекти од сите области на уметноста. Целта е да се направи Програма којашто ќе понуди за секого по нешто, со цел оваа манифестација да остане привлечна за штипјани и да го задржи своето реноме.
-Вообичаено Штипско културно лето е разновидно по својот карактер, тргнувајќи од музички групи, поединци, разни видови на жанрови на музика до ликовни изложби, театарски претстави, филмски проекции и секако друг вид на културни содржини коишто, секако, ќе бидат интересни. Тоа е суштината на одржувањето на летото, да го направиме поинтересно, прифатливо за граѓаните, рече Панајотов. вдј/дма/
Фото: МИА