Распишан конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“
- - Друштвото на писателите на Македонија традиционално го распишува Конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-членка на ДПМ, објавена во тековната година.

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Друштвото на писателите на Македонија традиционално го распишува Конкурсот за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-членка на ДПМ, објавена во тековната година.
Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од септември 2022 година до крајот на септември 2023 година.
Авторките и издавачите треба да достават по четири примероци во канцеларијата на ДПМ, најдоцна до 1 ноември 2023 година.
Доделувањето на оваа награда е дел од активностите на Клубот на писателките-членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај, која загина во скопскиот земјотрес во 1963 година. дма/са/
Фото:ДПМ