• понеделник, 29 јули 2024

Расел ќе загуби пет позиции на стартот на трката за ГН на Мексико поради промена на менувачот

Расел ќе загуби пет позиции на стартот на трката за ГН на Мексико поради промена на менувачот
Мексико Сити, 6 ноември 2021 (МИА) - Пилотот на Вилијамс Џорџ Расел ќе загуби пет позиции на стартната мрежа за Големата награда на Мексико, објави новинарот на Би-би-си, Ендрју Бенсон, повикувајќи се на официјалниот извештај на техничката делегација на Формула 1. Британецот доби казна поради замена на менувачот по вториот слободен тренинг. Големата награда на Мексико се одржува викендов. Главната трка е закажана за утревечер од 20 часот. Денес на програмата се третиот слободен тренинг и квалификациите за стартните позиции. зс/

Остани поврзан