Рама на Форумот „Global Gateway“: Бракот со ЕУ е најтежок, но вреди, порачувам Албанија и Западен Балкан да не се изземаат од европските програми за финансирање
Тирана, 25 октомври 2023 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама во својот говор во Европската комисија на отворањето на форумот „Глобална порта“ зборуваше за актуелните предизвици на Европа како и за развојните приоритети и порача дека Албанија и Западен Балкан треба да бидат составен дел од европските програми за финансирање, јави abcnews.al.
-Ова е најтешкиот брак, но вреди. Јас имав неколку неуспеси во бракот, но откако ја најдов вистинската и сум среќен со неа, верувам дека тоа ќе се случи и со Албанија и другите кога ќе се венчаат со ЕУ. Ќе ви кажам еден мал факт, бидејќи сакам да знаете дека сета моја насмевка, сета моја љубов, моето се за Европа и Европската Унија е безусловно, но не е безумно, рекол Рама.
Само помислете, посочил тој, дека сме опкружени со граници на ЕУ, а „нашите соседи од ЕУ добиваат 4517 евра по глава на жител од самата Европска Унија а тоа што го добиваме не во Е, без Б е само 138 евра по човек“.
-Тоа е многу голема празнина што ја пополнуваме со љубов, што ја пополнуваме со надеж, што ја пополнуваме со амбиции, што ја пополнуваме со многу јасни идеи дека нема ништо подобро што можеме да оставиме зад нашите деца, но искрено се надевам дека она што претседателот на Комисијата и оваа Комисија напорно се трудат да го направат, ќе успеат затоа што на крајот на денот нашите деца треба да го наследат не само тестаментот за љубовта, туку и доказот дека овој брак е единствениот што вреди да се има, рекол меѓу другото Рама.
Тој исто така нагласил дека се неопходни реформи и натамошна демократизација. вт/
Фото: Рама ФБ