• петок, 17 мај 2024

Ракометните ѕвезди пред полна сала ќе играат за дечињата од СОС Детско село

Ракометните ѕвезди пред полна сала ќе играат за дечињата од СОС Детско село

Скопје, 3 јануари 2023 (МИА) – Сите билети за ревијалниот натпревар меѓу македонската ракометна репрезентација и селекцијата на ветерани се распродадени.

- Билетите за хуманитарниот ракометно-музички настан се распродадени. ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ХУМАНОСТА!! Се гледаме! – објави Ракометната федерација на Македонија.

Сите приходи од настанот „Сите ѕвезди“ ќе бидат донирани за СОС Детско село.

Спортско музичкото шоу ќе почне вечер во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. зс/

Остани поврзан