• петок, 20 декември 2024

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски - спортист на Битола за 2023 година

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски - спортист на Битола за 2023 година

Битола, 21 феварури 2024 (МИА) - Македонскиот репрезентативец и ракометар на Еурофарм Пелистер Жарко Пешевски е избран за спортист на Битола за 2023 година.

Капитенот на македонскиот ракометен шампион е избран за најдобар спортист за настапите во клубот и репрезентацијата, а наградата на синоќешната манифестација што се одржа во Битола му ја врачи градоначалникот Тони Коњановски.

- Посебна чест е да се присуствува на оваа манифестација, и да се добие статуетката за најдобар спортист на Битола. Благодарам на Сојузот на спортови во име на сите добитници и порачувам да не се откажуваат и да бидат упорни бидејќи спортот тоа и го бара, истакна Пешевски.

Со одлука на Сојузот на спортови постхумно признание за придонес во спортот, за афирмацијата на македонскиот ракомет во земјата и странство, беше доделено на Силјан Мицевски, кој до крајот на својот живот беше избран за почесен претседател на Сојузот на спортови, а според востановената традиција, синоќа беа доделени бројни награди и признанија на спортистки и спортисти од градот во различни спортови и категории. мт/

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Остани поврзан