Ракометарките на Франција станаа светски шампионки
- Репрезентацијата на Франција го освои трофејот на Светското првенство за ракометарки.

Хернинг, 17 декември 2023 (МИА) – Репрезентацијата на Франција го освои трофејот на Светското првенство за ракометарки.
Французинките вечерва во Хернинг, во финалето ја совладаа селекцијата на Норвешка со 31:28.
За Франција ова е трет шампионски трофеј од Мундијалите.
Во предигра на големото финале се одигра мечот за третото место. Во него, Данска ја совлада Шведска со 28:27 и го освои бронзениот медал. зс/
Фото: ЕПА