• среда, 16 септември 2026

Ракометарите на Вардар минимално поразени од бундеслигашот Мелсунген во ЛШ

Ракометарите на Вардар минимално поразени од бундеслигашот Мелсунген во ЛШ

Касел, 10.септември 2026 (МИА) – На стартот од новата сезона од ракометната Лига на шампионите ракометарите на Вардар вечерва по голема борба претрпеа пораз со 33:31 (16:15) од бундеслигашот Мелсунген. Македонскиот првак имаше и одлична поддршка од трибините од бројните македонски навивачи, кои беа во салата во Касел.

Стартот на дуелот беше на македонскиот првак со минимално водство, но по 4:3 за Вардар противникот имаше серија од 4-0 за водство од 7:4. Во финишот на првиот дел „црвено-црните“ намалија на еден негатива, но успеаја да изедначат.

Најлошиот период од натпреварот Вардар го одигра на почетокот од второто полувреме кога Мелсунген поведе со +5 (24:19), а по тајм аутот на тренерот на Вардар, Иван Чупиќ македонскиот првак се врати резултатски и намали на еден негатива (27:28), но не успеа да изедначи. Во тој период одличен на голот на Вардар, беше капитенот Васил Гогов со неколку успешни интервенции (вкупно 8). 

Во самата завршница домашниот тим ја зачува предноста и ја забележа првата победа.

Вукашин Воркапиќ кај Вардар со 9 голови беше најефикасен на теренот, додека кај Мелсунген голманот Небојша Симиќ имаше 8 одбрани, но две во последните минути од дуелот.

Вардар следниот натпревар го игра на домашен терен на 16.септември против Нант во Скопје. мн/

Фото: ЕПА