• недела, 22 декември 2024

Раководството на Унион Берлин физички нападнато пред дуелот со Феенорд

Раководството на Унион Берлин физички нападнато пред дуелот со Феенорд
Ротердам, 21 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на Унион Берлин е еден од нападнатите членови на раководството на германскиот фудбалски клуб пред вечерашниот дуел во Холандија против Феенорд во рамки на Лигата на конференции. Полицијата во Ротердам соопшти денеска дека е уапсен 25-годишен маж, откако група луѓе во средата предизвикале инцидент во кафе бар во градот, фрлајќи столчиња и други предмети, при што се повредени претседателот на Унион, Дирк Цинглер и еден член на управниот одбор на клубот. - За среќа немаше потешко повредени. Не помислувате дека вакво нешто би можело да се случи. Во групата имаше и многу жени, но и повозрасни лица, изјави портпаролот на Унион, Кристијан Арбајт. Феенорд го осуди нападот и му извини на раководството на германскиот клуб. ег/паг/

Остани поврзан