• понеделник, 13 април 2026

Милвоки го отпушти тренерот Док Риверс

Милвоки го отпушти тренерот Док Риверс

Милвоки, 13 април 2026 (МИА) - Док Риверс ја напушти својата позиција како главен тренер на Милвоки Бакс, објави инсајдерот Шамс Чаранија.

Клубот ќе му ја исплати неговата осумцифрена плата за сезоната 2026/27. Раководството на клубот и 64-годишниот тренер разговараат за можноста тој да се префрли на советничка улога во организацијата.

Под водство на Риверс, тимот забележа резултат од 97 победи и 103 порази во трите последни НБА-сезони и двапати загуби во првото коло од плејофот.

Оваа сезона, серијата на Бакс од девет последователни настапи во плејофот беше прекината. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан