• недела, 22 декември 2024

Раководството на Евертон не верува дека отказ на Лампард ќе ја подобри ситуацијата во клубот

Раководството на Евертон не верува дека отказ на Лампард ќе ја подобри ситуацијата во клубот
Ливерпул, 8 април 2022 (МИА) - Френк Лампард ќе продолжи да биде тренер на Евертон. Раководството на „Карамелите“ не верува дека отпуштањето на стручњакот ќе ги подобри нивните шанси за останување во Премиер лигата во оваа фаза. Но, во исто време тоа не значи дека Евертон ќе соработува со Лампард до крајот на сезоната, без разлика на резултатите. Се известува дека раководството на клубот е сериозно загрижено за тешката ситуација на тимот оваа сезона во Премиер лигата. Евертон моментално се наоѓа на 17. место на првенствената табела со 25 бодови од 29 натпревари. Предноста на тимот пред зоната за испаѓање е само еден бод. Барнли е на 18. место со 24 бодови. Следниот натпревар Евертон го игра на 9 април на својот стадион против Манчестер јунајтед. зс/

Остани поврзан