• петок, 22 ноември 2024

Раиконен сака да замине во пензија откако ќе заврши сезоната

Раиконен сака да замине во пензија откако ќе заврши сезоната
Лондон, 1 август 2020 (МИА) - Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен има намера да ја заврши кариерата по крајот на сезоната 2020 година, објави „InsideRacing“. Овој викенд Раиконен ќе го извести тимот дека нема намера да остане во шампионатот за 2021 година. Годинава Финецот сè уште нема освоено ниту еден бод, а на унгарското Гран-при за прв пат во својата кариера стана најбавен возач во квалификациите. До крајот на тековниот шампионат, Раиконен има можност да го собори рекордот на Рубенс Баричело по бројот на настапи во шампионатот во Формула 1 кој изнесува 322 трки. зс/

Остани поврзан