Размена на играчи во ракометниот свет налик на НБА трејд
- На повидок е размена на играчи меѓу ракометните гиганти бундеслигашот Рајн Некар Ловен и унгарскиот првак Веспрем
Веспрем, 13.јули 2025 (МИА) - На повидок е размена на играчи меѓу ракометните гиганти бундеслигашот Рајн Некар Ловен и унгарскиот првак Веспрем, ќе бидат вклучени четири играчи и финансии за обештетување.
Според најавите Веспрем во Германија треба да ги прати голманот Мајк Јенсен и десниот бек Лукас Сандел, а во спротивен правец треба да стигнат хрватскиот репрезентативец десен бек Иван Мартиновиќ и голманот Микаел Апелгрин.
За комплетирање на трансферот Веспрем ќе исплати и обештетување од 980.000 евра.
Ова покажува дека Веспрем сериозно се подготвува за новата сезона и „ловот“ на титулата европски првак. мн/
Фото: ЕПА